Правила и услови за користење

1. Согласност

Вашиот пристап до и користењето на оваа Страница е предмет на следните правила и услови, и на сите применливи закони. Со пристап до и пребарување низ оваа Страница, без ограничување или квалификација, вие ги прифаќате овие Правила и услови и потврдувате дека какви било други договори кои се однесуваат на користењето на оваа Страница меѓу вас и Sandoz International GmbH не важат и не се на сила.

2. Медицински информации/Услови

Sandoz International Gm ги обезбедува информациите за производите на оваа интернет страница, и тие се наменети само за општо информирање. Многу од наведените фармацевтски и медицински помагала се достапни само со рецепт од лекар или од квалификуван медицински кадар, и сите производи може да не бидат достапни во сите земји. ВО СЛУЧАЈ НА КАКВА БИЛО МЕДИЦИНСКА СОСТОЈБА, ТРЕБА ВЕДНАШ ДА ГО ПОСЕТИТЕ ВАШИОТ МАТИЧЕН ЛЕКАР ИЛИ ДРУГИ СТРУЧНИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА. НИЕ НЕ ПОСТАВУВАМЕ ПЕРСОНАЛИЗИРАНА МЕДИЦИНСКА ДИЈАГНОЗА, НИТУ ДАВАМЕ СОВЕТ ЗА ТЕРАПИЈА. Секогаш треба да добиете комплетни информации за вашите препишани лекови или помагала (вклучувајќи ги нивните корисни, но и несакани ефекти) преку директен разговор за соодветната употреба на кој било лек или медицинско помагало со вашиот матичен лекар, или доколку има потреба со друго медицинско стручно лице. Стручните медицински лица можат да добијат целосни информации за производот од упатството за употреба. Информациите за овие производи може да се разликуваат од земја до земја. Пациентите, лекарите и другите стручни медицински лица треба од локалните медицински извори, или од регулаторите, да побараат информации кои се однесуваат за нивната земја. Исто така, тековната регулатива во многу земји ја ограничуваат (или дури во некои случаи ја забрануваат) можноста на Sandoz International GmbH да обезбедува информации и/или директно да одговори на прашањата на пациентите во врска со препишаните производи. Сепак, Sandoz International GmbH ќе одговори на барањата на и ќе обезбеди информации за вашите квалификувани медицински стручни лица во согласност со локалните регулативи.

3. Употреба на информации

Слободно можете да пребарувате низ Страницата, но вие можете да пристапите, преземете или употребите информации, вклучувајќи текст, слики, аудио и видео запис („Информации“) само за ваша сопствена некомерцијална употреба. Забранета е дистрибуција, модификација, пренесување, повторна употреба, повторно објавување или употреба на Информациите за некомерцијални цели, без писмена дозвола од Sandoz International GmbH. Вие мора да го задржите и репродуцирате секое известување за авторски права или за други права на сопственост, содржано во секоја Информација која ќе ја преземете. Вие треба да знаете дека сето она што ќе го видите или прочитате на оваа Страница е заштитено со авторски права, освен ако поинаку не е наведено, и тоа смее да се употребува само во согласност со Правилата и Условите, или со текстот на Страницата, како и со писмена дозвола од Sandoz International GmbH. Sandoz International GmbH ниту гарантира, ниту застапува дека вашата употреба на материјалите прикажани на Страницата нема да ги нарушат правата на трети страни, кои не се во сопственост на Sandoz International GmbH и нејзините подружници. Со исклучок на гореспоменатото ограничено овластување, не се одобрува ниту доделува дозвола за или право на Информациите, или кое било авторско право на Sandoz International GmbH или на друга страна.

4. Регистрирани заштитни знаци/Права на сопственост

Сите имиња на производи на оваа Страница, напишани со големи букви или претставени со симболот на регистрираниот заштитен знак, се регистрирани заштитни знаци на Sandoz International GmbH и/или на други страни. Страницата може да содржи или да упатува на патенти, информации за сопственост, технологии, производи, процеси или други права на сопственост на Sandoz International GmbH и/или на други страни. Не се одобрува, ниту доделува дозвола за или право на какви било регистрирани заштитни знаци, патенти, трговски тајни, технологии, производи, процеси и други права на сопственост на Sandoz International GmbH и/или на други страни.

5. Гаранции и одрекување

Иако Sandoz International GmbH прави голем напор за да гарантира дека Информациите се точни и ажурирани, сепак тие може да содржат технички неправилности или печатни грешки. Во секое време и без известување, Sandoz International GmbH го задржува правото на измени, исправки и/или подобрувања на Информациите, како и на производите и програмите опишани во информациите. Sandoz International GmbH не ја гарантира ниту застапува точноста на која било информација. Sandoz International GmbH нема обврска ниту одговорност за какви било грешки или пропусти направени во содржината на Страницата. СИТЕ ИНФОРМАЦИИ СЕ ДАДЕНИ „КАКО ШТО СЕ“. SANDOZ INTERNATIONAL GMBH НЕ ГАРАНТИРА ЗА КОМПЛЕТНОСТА ИЛИ ТОЧНОСТА НА ИНФОРМАЦИИТЕ НА ОВАА СТРАНИЦА ИЛИ ЗА НИВНОТО МОЖНО КОРИСТЕЊЕ. ПОСЛЕДОВАТЕЛНО, ИНФОРМАЦИИТЕ ТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА ГИ ПРОЦЕНАТ ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА СТРАНИЦАТА. НИТУ SANDOZ INTERNATIONAL GMBH, НИТУ ДРУГА КОМПАНИЈА ОД NOVARTIS ГРУПАТА, НИТУ ДРУГА СТРАНА ВКЛУЧЕНА ВО СОЗДАВАЊЕТО И ИЗРАБОТКАТА НА ОВАА СТРАНИЦА ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРНА ЗА КАКВИ БИЛО ДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЛЕДИЧНИ, ИНДИРЕКТНИ ИЛИ КАЗНИВИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПРИСТАПОТ ДО, УПОТРЕБАТА НА ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА УПОТРЕБА НА ОВАА СТРАНИЦА, ИЛИ ЗА КАКВИ БИЛО ГРЕШКИ ИЛИ ПРОПУСТИ ВО СОДРЖИНАТА НА СТРАНИЦАТА. Некои правни јурисдикции не дозволуваат исклучување од гаранциите кои се подразбираат, па така горенаведениот исклучок може да не е применлив за вас. Sandoz International GmbH исто така нема одговорност за какви било штети на, или вируси кои можат да ја зафатат вашата компјутерска, или друга опрема поради вашиот пристап до, користењето на Страницата и Информациите, или поради вашето преземање на Информации. Sandoz International GmbH го задржува правото да го запре работењето на оваа Страница во секое време, без известување и одговорност.

6. Информации кои ги добиваме од Вас

Освен Информациите од Политиката за приватност, секоја друга комуникација или материјал кој ќе го пренесете на Страницата по електронска пошта или на друг начин, вклучувајќи податоци, прашања, коментари, предлози и слично, ќе бидат третирани како недоверливи и незаштитени. Сето она што ќе го пренесете или поставите на Страницата станува сопственост на Sandoz International GmbH или на нејзините подружници, и може да се употреби за секаква цел, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на репродукција, разоткривање, пренос, публикација, емитување и објавување. Исто така е дозволено Sandoz International GmbH да ги користи без надомест идеите, концептите, know-how, или техниките содржани во комуникацијата која ја испраќате на Страницата за секакви цели, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на развој, производство и рекламирање на производи со помош на тие информации.

7. Производи распространети низ целиот свет

Интернет страницата може да содржи информации за производи и услуги распространети низ цел свет, од кои не се сите достапни на сите локации. Референцата кон производот или услугата на оваа Страница не укажува на тоа дека тој производ или таа услуга е или ќе биде достапен(на) на вашата локација. Производите на оваа Страница може да бидат предмет на различни регулаторни барања во зависност од земјата која ги користи, и ознаките на производите може да се разликуваат од земја до земја. Како последица, посетителите може да бидат известени дека одредени делови од Страницата се наменети само за одредени видови на стручни корисници, или само за публика во одредени земји, додека информациите за производот наменет за одредена земја треба да го верификува локалната организација на Sandoz. Ништо на оваа Страница не треба да толкувате како промоција или реклама за кој било производ или за неговата употреба, доколку тој не е во согласност со законите и регулативите на вашата земја.

8. Одрекување

Ништо на оваа Страница не образува иновација или понуда за инвестирање или купување/продажба на хартии од вредност или на Американски депозитарни признаници на Novartis. Поточно, вистинските резултати и случувања може материјално да се разликуваат од која било прогноза, мислење или очекување претставени на оваа Страница, и минатата успешност на цената на хартиите од вредност не треба да биде показател за нивната идна успешност.

9. Линкови со оваа Страница

Sandoz International GmbH не ги прегледува интернет страниците на третите страни кои содржат линкови со оваа Страница, и таа не е одговорна за содржината на кој било од овие линкови или други линкови со оваа Страница. Доколку сакатe да ја поврзете вашата интернет страница со оваа Страница, вие можете да се поврзете само со почетната страница. Вие не можете да се поврзете со која било друга страница во рамки на оваа Страница, без претходна писмена дозвола од Sandoz International GmbH. Забрането е и цитирање или употреба на еден или повеќе делови од оваа Страница на страницата на некоја од третите страни без писмена согласност.

10. Линкови со други страници

Можно е поврзување со страници на трети страни за задоволување на интересите или удобноста на посетителите на оваа Страница. Правилата за користење и политиката за приватност на страницата на третата страна може да бидат различни. Sandoz International GmbH нема одговорност за линковите од нас кон другите страници, а особено ние не сме одговорни за точноста или законитоста на нивната содржина. Ние не сме одговорни за непочитување или пропуст во политиките за приватност на третите страни.

11. Објави на оваа Страница

Иако Sandoz International GmbH може повремено да следи или прегледува дискусии, разговори, објави, преноси, форуми и слично на Страницата, сепак таа нема обврска тоа да го прави, и нема одговорност која произлегува од содржината на овие локации, ниту за каква било грешка, клевета, пропуст, лага, непристојност, порнографска содржина, вулгарност, откривање на приватност или неточност содржана во информациите во рамки на таквите локации на Страницата. Забрането е објавување или пренесување на незаконски, заканувачки, навредувачки, непристоен, скандалозен, провокативен, порнографски или профан материјал, или материјал кој би можел да претставува или охрабрува однесувања кои би се сметале за кривични дела, би поттикнале граѓанска одговорност, или какво било законско прекршување. Sandoz International GmbH целосно ќе соработува со секој орган на спроведување на законот или ќе извршува судски налог за разоткривање на идентитетот на секој кој објавува такви информации или материјали.

12. Последици

Доколку откриеме непочитување на правилата и условите содржани во оваа Правна изјава, ние можеме веднаш да преземеме корективно дејство, вклучувајќи спречување на корисникот да користи услуги на Sandoz International GmbH, отстранување на информации и содржини ставени на Страницата од страна на корисникот, во секое време и без известување. Во случај на каков било прекршок од ваша страна, ние можеме во наша сопствена дискреција, да бараме поправка на тој прекршок.

13. Ревизија

Во секое време, Sandoz International GmbH може да ги ревидира Правилата и Условите со ажурирање на оваа објава. Вие сте врзани за ваквите ревизии и затоа треба периодично да ја посетувате оваа страница за да ги прегледате ревидираните Правила и Услови.