Политика за приватност

Оваа Политика е изјава за начинот на кој ние собираме, чуваме и користиме информации за поединечни лица. Политиката се однесува само на информациите кои ние ги собираме од онлајн ресурси, кои преку линк се поврзани со оваа Политика. СО КОРИСТЕЊЕ НА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА, ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ НА СОБИРАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ, КАКО ШТО Е ПРЕДВИДЕНО СО ОВАА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ. ИСТО ТАКА, SANDOZ INTERNATIONAL GMBH ИМА ПРАВО ПЕРИОДИЧНО ДА ЈА МЕНУВА, МОДИФИЦИРА, НАДОПОЛНУВА, ОТСТРАНУВА, ИЛИ АЖУРИРА ОВАА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ, ВО СВОЈА ДИСКРЕЦИЈА БЕЗ ПРЕТХОДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ. Наша намера е да ги објавуваме ваквите промени на оваа страница, за да бидете целосно информирани за видот на информациите кои ги собираме, начинот на кој ги собираме и во кои услови тие можат да бидат откриени.

Нашата политика за приватност можете лесно да ја пронајдете на нашата почетна страница и таа е поврзана со секој дел од страницата во кој се бараат лични податоци. На овие локации на прибирање податоци, може да има потреба од дополнително објаснување заради целите за кои податоците ќе бидат употребени. Оваа Политика, заедно со дополнителното објаснување, ќе ви каже како ќе постапуваме со вашите податоци кои вие доброволно ги оставате за да ги користите нашите интернет страници.

1. Гаранција за приватност

Поимот „лични податоци“ кој се користи во оваа Политика упатува на информации како што се вашето име, датум на раѓање, е-пошта, адреса, телефонски број и IP адреса со кои може да се идентификувате. Воопшто, Sandoz International GmbH нема да ги обработи вашите лични податоци без ваша согласност. Сепак, ние го задржуваме правото во исклучителни околности да извршиме дополнително обработување на вашите податоци до степен кој е законски дозволив, или за целите на судска постапка.

Подолу ќе објасниме како и кога ги прибираме вашите лични податоци.

2. Употреба на лични податоци

Повеќето од нашите услуги не бараат никаква форма на регистрација и ви дозволуваат да ја посетите нашата страница без да се идентификувате. Сепак, за некои услуги може да има потреба од регистрација. Кога ќе се регистрирате, можеби ќе треба да пополните одредени полиња (некои се задолжителни, а некои се изборни), како и да изберете корисничко име и лозинка. Во овие случаи, доколку одбиете да ги дадете вашите лични податоци кои ние ги бараме, тогаш можеби нема да имате можност да добиете пристап до одредени делови од страницата, а ние нема да можеме да ви одговориме на вашето барање.

Ние обработуваме лични податоци за намена за која ве информираме кога ги бараме истите. Ние ги чуваме вашите податоци во согласност со секое применливо барање за законско или етичко известување или за задржување на документација.

3. Неоткривање на податоци

Ние не ги продаваме, споделуваме или на друг начин дистрибуираме вашите лични податоци (доколку ги собираме) на трети лица, освен во услови предвидени со оваа Политика. Ние би можеле да ги откриеме вашите податоци за лична идентификација на подружниците на Sandoz или Novartis кои се согласни да постапуваат со нив во согласност со оваа Политика за приватност, но само во согласност со правилата на оваа Политика за приватност. Повремено, личните податоци може да се пренесуваат на трети страни кои дејствуваат за или во име на Sandoz International GmbH, или се поврзани со работата на Групата на Novartis, заради понатамошна обработка во согласност со целта(ите) за кои првично податоците биле прибрани, како на пример давање услуги, евалуација или техничка поддршка. Овие трети страни имаат склучено договор со Sandoz International GmbH дека тие ќе користат лични податоци само за договорената цел, и нема да ги продаваат ниту откриваат вашите лични податоци на трети страни, освен ако тоа го наложува законот. Во тој случај, ние ќе настојуваме обработувањето на личните податоци да биде во согласност со целите и во рамки во кои податоците биле првично прибрани.

Постојат два дополнителни случаи во кои собраните лични податоци може да бидат предадени на трети страни. Прво, во случај на продажба, отстапување или пренос на деловните операции на оваа страница заедно со податоците за клиентите, ние ќе бараме од купувачот, правниот наследник или примачот да постапува со личните податоци во согласност со Политиката за приватност. Второ, личните податоци можат да се откријат на трета страна доколку тоа го наложува законот, за извршување на судски налог или почитување на законска регулатива, или доколку е неопходно за спроведување на судска постапка.

4. Право на пристап

Вие имате право вашите лични податоци да бидат секогаш ажурирани. Во некои земји, вие имате право од нас да барате да ги промениме или избришеме вашите лични податоци. Исто така, вие секогаш имате право да ја повлечете согласноста за обработка на личните податоци и за целите на директен маркетингсо цел да престанеме да ве контактираме. Доколку сакате да нé контактирате за употребата на вашите лични податоци, ве молиме испратете е-пошта на sandoz_global.communications@sandoz.com. Доколку нé контактирате, ве молиме да го забележите името на интернет страницата каде што сте ги оставиле податоците, како и конкретната информација која би сакале да ја поправиме, ажурираме или избришеме. Вашите барања ќе бидат спроведени брзо и ефикасно. Барањата за бришење на личните податоци ќе бидат предмет на секое применливо барање за правно или етичко известување или за задржување на документација.

5. Сигурност и доверливост

За да се обезбеди сигурност и доверливост на личните податоци кои ги собираме онлајн, ние користиме мрежи на податоци заштитени со стандарден огнен ѕид и лозинка. Во текот на обработката на вашите лични податоци, ние преземаме мерки за заштита на информациите од губење, злоупотреба, неавторизиран пристап, разоткривање, измена или уништување. Ние не можеме да гарантираме заштита од губење, злоупотреба, неавторизиран пристап, разоткривање, измена или уништување на податоци, но сепак се обидуваме да спречиме вакви несреќни појави.

6. Пренос на податоци во странство

Ние сме дел од Групата на Novartis која има бази на податоци во различни јурисдикции. Ние можеме да ги пренесуваме вашите податоци на една од базите на податоци на Групата надвор од вашата земја. Дури и ако земјата во која се пренесуваат податоците не бара од нас да обезбедиме адекватна заштита на вашите податоци, ние и без тоа адекватно ќе го заштитиме преносот на податоци во базите на податоци на Novartis.

7. Анонимни податоци и „Колачиња“

Ние можеме да собираме и обработуваме анонимни податоци за вашата посета на оваа интернет страница, како на пример страниците кои ги посетувате и некои од пребарувањата кои ги вршите. Ваквите информации ни помагаат да ги подобриме содржините на страницата и да направиме збирна статистика за лицата кои ја користат нашата страница за внатрешни, пазарни и истражувачки цели. Поради ова, ние можеме да инсталираме „колачиња“ кои го прибираат името на корисникот во доменот од прво ниво (на пр., "bigmail.com" од е-поштата на "john@bigmail.com"), и датумот и времето на пристап. Поради начинот на кој ние ги користиме „колачињата“, тие не можат да се употребат за откривање на идентитетот на еден корисник. „Колаче“ е мала информација која се испраќа до вашиот пребарувач и се складира на тврдиот диск на вашиот компјутер. Колачињата не го оштетуваат вашиот компјутер. Можете да го приспособите вашиот пребарувач да ве известува кога ќе примите „колаче“, а вие ќе одлучите дали сакате да го прифатите. Ние можеме да добиеме услуги од трети страни кои ќе ни помогнат во прибирањето и обработката на информациите опишани во овој дел, и сите тие трети страни ќе бидат дел од обврските опишани погоре во Параграф 3.

Понекогаш на оваа страна може да користиме Интернет тагови (GIF-ови од еден пиксел, чисти GIF-ови, невидливи GIF-ови и 1-на-1 GIF-ови) во комбинација со колачиња, и може да ги употребиме овие тагови преку трет партнер за рекламирање. Овие тагови се ставаат на рекламите кои ги носат корисниците до страницата и на различни локации на страницата. Ние ја користиме оваа технологија за да ги оцениме реакциите на посетителите на нашите страници и ефективноста на нашите кампањи за рекламирање (вклучувајќи колку пати се отвора одредена страница, и кои информации се бараат). Третиот партнер може да прибира анонимни збирни податоци за посетителите на други страници поради овие интернет тагови/колачиња. Бидете сигурни дека ние преку овие тагови или колачиња НЕ собираме или бараме податоци за лична идентификација на нашите посетители, како имиња, адреси, е-пошти, или телефонски броеви. Доколку ви се потребни повеќе информации за интернет таговите и колачињата кои се поврзуваат со онлајн рекламирањето, или сакате да одбиете анонимни информации собрани од трета страна, ве молиме да ја посетите интернет страницата на Network Advertising Initiative.

8. Личните податоци и децата

Повеќето од услугите достапни на оваа страница се за лица на возраст над 18 години. Секој кој ќе побара информации за лек наменет за деца, треба да биде на возраст над 18 години. Ние намерно не собираме, користиме или откриваме лични податоци од малолетник, без да добиеме согласност од лица кои имаат родителска одговорност (на пр., родител или старател) преку директен офлајн контакт. На родителот ќе му обезбедиме (i) известување за одредените видови на податоци кои ќе ни требаат од малолетникот, и (ii) можност да се спротивстави на понатамошно прибирање, употреба или чување на ваквите информации. Ние ги почитуваме законите за заштита на децата.

9. Линкови кон други страници

Политиката за приватност важи само за оваа интернет страница, но не и за интернет страниците на трети страни. Ние можеме да обезбедиме линкови кон други интернет страници кои сметаме дека би можеле да бидат од интерес за нашите посетители. Наша цел е да се погрижиме ваквите интернет страници да ги задоволуваат највисоките стандарди. Сепак, поради природата на Интернетот, ние не можеме да гарантираме стандарди за приватност на секоја интернет страница со која сме поврзани, или да бидеме одговорни за содржините на другите страници. Политиката за приватност не важи за друга поврзана страница која не е на Novartis.

10. Контакт

Доколку имате други прашања или поплаки за нашата усогласеност со оваа Политика за приватност, или доколку сакате да ни дадете препорака или коментар за да го подобриме квалитетот на нашата Политика за приватност, ве молиме испратете ни е-пошта на sandoz_global.communications@sandoz.com.