Пробиотиците спречуваат дијареа поврзана со земање на антибиотска терапија (AAД)

Зборот пробиотик доаѓа од грчкиот збор што значи „за живот“. Спротивно на него, зборот антибиотик значи „против живот“.1 Тогаш воопшто не изненадува фактот што постои терапевтско вкрстување меѓу пробиотиците и антибиотиците.

Антибиотиците може да ви го спасат животот доколку сте заразени со штетни бактерии и треба да се земаат само доколку тоа го пропишал доктор. Но едни од честите несакани ефекти на антибиотиците се дијареата и мачнината. Ова е поради фактот што антибиотиците се создадени да ги убијат патогените бактерии што предизвикуваат болести. Сепак, истовремено, тие може да уништат и дел од корисните бактерии во дигестивниот систем, со што се нарушува рамнотежата на цревната микрофлора, и се овозможува штетните бактерии да се размножат.2,3 Меѓу 5 - 35% од луѓето што земаат антибиотска терапија страдаат од AAД.4Дополнително, доколку антибиотикот се зема повеќе од три дена, ризикот за појава на дијареа со поврзана земање на антибиотска терапија (AAД) двојно се зголемува.4

Враќање на рамнотежата

Пробиотските додатоци може да ја нормализираат цревната микрофлора, обезбедувајќи здрава рамнотежа помеѓу „корисни“ и „штетни“ бактерии.1,3 Пробиотските бактерии ве штитат на многубројни начини. На пример, тие заемно дејствуваат и ѝ даваат поддршка на бариерата од слузокожа, и така ве заштитуваат од инфекции.5 Исто така, може да ги победат патогените организми во компетицијата за хранливи материи и буквално да ги остават да гладуваат,6 со што го стопираат нивниот развој.

AAД кај возрасни лица

Анализа на повеќе клинички студии – во коишто учествувале вкупно 11.811 – покажала дека земањето на пробиотик го намалило ризикот од појава на AAД за 42% во споредба со оние кои земале плацебо.7 Друго испитување покажа дека земањето пробиотик за псевдомембранозен колитис или clostridium difficile (CDAD) – асоцирана дијареа (сериозен вид на дијареа поврзана со земање на антибиотска терапија - AAД)8 – може да го намали ризикот од добивање ваква состојба за 66%.9

Дијареа поврзана со земање на антибиотска терапија (AAД) кај бебиња

Дијареа поврзана со земање антибиотска терапија (AAД) не е толку застапен проблем кај деца колку што е кај возрасни, но, сепак, постои ризик. Околу 11% од децата што земаат антибиотска терапија добиваат дијареа, додека кај деца помали од две години овој ризик се зголемува за 18%.10

Составот на цревната микрофлора кај децата се разликува од онаа кај возрасните. Околу 90% од бактериите во цревата на малите деца се од видот на бифидобактерии, во споредба со околу 5% кај возрасните.11 Затоа, кога им се даваат пробиотици на мали деца, најдобро е да се избере пробиотик кој содржи бифидобактерии. Неодамнешно испитување со 16 студии – вкупен број од 3.432 деца – докажа дека пробиотиците имаат влијание во превенција на дијареа поврзана со земање на антибиотска терапија – AAД кај деца.2

Важно е да се преземат превентивни мерки, бидејќи дијареата може да доведе до прекин на антибиотската терапија. Исто така, може да биде причина за отсуствување од училиште или од градинка, како и од работа.12


1 Jungersen M, et al. Microorg. 2014;(2):92-110
2 Mayo Clinic. ‘Antibiotic-associated diarrhea.’ Available at: http://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/antibiotic-associated-diarrhea/basics/causes/con-20023556. Accessed June 2016
3 Johnston B, et al. Coch Database of Syst Rev. 2011:11; Art. No.: CD004827. DOI: 10.1002/14651858.CD004827.pub3
4 McFarland LV. Fut Microbiol 2008;3(5):563-78
5 Conlon M & Bird A. Nutrients. 2015:7;17-44
6 Travers A, et al. J Parasitology Res. 2011; Art.ID 610769. doi:10.1155/2011/610769
7 Hempel S, et al. JAMA. 2012;307:1959-1969
8 Hickson M. Therap Adv Gastroenterol. 2011;4(3):185–197
9 Johnston B, et al. Ann Intern Med. 2012;157(12):878-888
10 Surawicz CM. J Pediatric Gastroenterol Nutr. 2003:37;2-3
11 Rogelj I. Zbornik s kakovostjo do učinkovitosti. Lek, 2014.
12 Fox MJ, et al. BMJ Open. 2015:5;e006474 doi:10.1136/bmjopen-2014-006474