1. Цревната микрофлора кај новороденче главно e изградена од:
Лактобацили
Бифидобактерии
Цревата се стерилни
Одговор: 90% од цревната микрофлора кај новороденче е изградена од бифидобактерии.1 Во матката бебето речиси и да нема бактерии во својот дигестивен систем, но во текот на раѓањето и накратко по самото раѓање неговиот дигестивен систем брзо се колонизира со бактерии.2
2. Микрофлората кај дете е иста како и микрофлората кај возрасен човек
Точно
Неточно
Одговор: Нашата микрофлора се менува како што старееме. Кај возрасен човек, само 5% од микрофлората е составена од бифидобактерии.1 Поради тоа, Линекс Јуниор и Линекс Бејби имаат поинаков состав од Линекс и Линекс Форте.
3. Составот на микрофлората во раните денови од животот на бебето влијае врз нивното здравје во текот на целиот живот:
Точно
Неточно
Одговор: Составот на микрофлората во раните денови на животот е мошне значајна за одржување на здравјето кај бебињата, децата и возрасните во текот на целиот живот.3
4. Мајчиното млеко помага пробиотските бактерии да ги колонизираат цревата на бебето.
Точно
Неточно
Одговор: Мајчиното млеко содржи елементи што помагаат во растот на бифидобактериите во цревата на бебето.1
5. Земањето пробиотик може да помогне во спречување алергиски нарушувања кај деца?
Точно
Неточно
Одговор: Студиите покажуваат дека земањето пробиотски додаток во текот и по бременоста може да спречи развој на алергиски заболувања кај бебињата.4
6. Колкав дел од човековиот имунолошки систем се наоѓа во стомакот?
0%
10%
50%
70%
Одговор: До 70% од човековата имунолошка функција се наоѓа во цревата,5 што е главното место за влез на надворешни патогени (како и за оние што го напаѓаат респираторниот систем).
7. Како пробиотиците му помагаат на функционирањето на имунолошкиот систем?
Ја зголемуваат заштитната функција на цревата, создавајќи бариера за развој на штетните бактерии
Стимулираат имунолошки одговор преку лачење на имуноглобулини и антибактериски супстанции
Ги победуваат патогените микроорганизми кои предизвикуваат болест преку компетиција за хранливи материи
Одговор: Сè e точно. Пробиотските бактерии играат важна улога во функционирањето на имунолошкиот систем.6
8. Може ли пробиотски додаток да го засили имунолошкиот систем?
Да
Не
Одговор: Истражувања изведени неодамна покажуваат дека пробиотиците, кои што содржат бифидобактерии, помагаат во засилувањето на имунолошкиот систем, и имаат влијание врз намалената појава на алергиски реакции и помагаат во зголемена отпорност од респираторни инфекции.5
9. Пробиотиците го намалуваат ризикот од добивање на дијареа што се јавува при патување:
Точно
Неточно
Одговор: Согласно со студиите, превентивната употреба на пробиотици резултира со 85% намалување на дијареата што се јавува при патување.7

 


1 Rogelj L. Zbornik – Probiootiki- s kakovostjo do učinkovitosti. Lek, 2014.
2 Rodriguez JM, et al. Microb Ecol Health and Disease. 2015;26:26050
3 Houghteling PD & Walker WA. J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2015;60(3):294-307
4 Enomoto T, et al. Allergology Int. 2014;63:575-585
5 Jungersen M et al. Microorg. 2014: 2: 92-110.
6 Conlon M & Bird A. Nutrients. 2015:7;17-44
7 McFarland L. Travel Med Infect Dis. 2007:5;97-105