За колачињата на интернет страницата на Sandoz

Што е колаче (cookie)?

Колачињата се мали текстуални датотеки кои се праќаат на вашиот компјутер кога ја посетувате интернет страницата. Колачињата на интернет страниците на Sandoz имаат различни функции, како на пример, ви дозволуваат ефикасна навигација низ страниците, ги складираат вашите преференции, и воопшто го подобруваат вашето искуство на интернет страницата.

Според ЕУ Директивата 2009/136/EC, ние можеме да складираме колачиња на вашиот компјутер доколку тие имаат суштинско значење за работата на оваа страница, но за сите други колачиња е потребна ваша дозвола.

Страниците на Novartis можат да користат некои помошни колачиња. Ние не ги користиме овие колачиња за да следиме или идентификуваме одредени корисници, туку за да дознаеме на кој начин се користат страниците со цел да ги подобруваме. Без информациите кои ги добиваме од системите кои ги користат овие колачиња, ние не би можеле да ги обезбедуваме нашите услуги.

Вид на колачиња кои ги користиме

Доколку одлучите да го приспособите јазикот, големината на фонтот или oодредената верзија на страницата (на пример висок контраст), ние користиме „колачиња за приспособување на корисничкиот интерфејс“. Штом ќе го направите приспособувањето, при повторна посета на страницата вие нема да треба повторно да ги наведете вашите преференции.

Доколку користите делови од страницата за кои има потреба од регистрација со цел да се пристапи до содржината, ние ќе поставиме „колаче за автентикација“ на вашиот компјутер. На овој начин, вие можете да ги напуштите овие делови од страницата и повторно да им се вратите без да направите повторна автентикација.

Доколку ја имате инсталирано апликацијата Adobe Flash на вашиот компјутер (која ја има на повеќето) и користите видео плеер, ние ќе складираме „флеш колаче“ на вашиот компјутер. Овие колачиња се користат за чување податоци потребни за повторно пуштање на видео или аудио содржина, и за чување на преференциите на корисникот.

Sandoz сака да дознае како посетителите ги користат нашите интернет страници преку употреба на веб-аналитика. Со веб-аналитика се бројат посетителите и дознаваме работи за нивното однесување – како на пример, идентификација на клучните зборови во пребарувачот кои го водат корисникот до нашата страница, вообичаеното време кое го поминува на страницата или просечниот број на страници кои корисникот ги гледа. За оваа цел, ние поставуваме „колаче за аналитика на прва страна“ на вашиот компјутер.

Ние исто така би можеле да користиме услуги како Google Analytics за да следиме веб-статистика. Во овој случај, Google ќе стави „колаче за аналитика од трета страна“ на вашиот компјутер. Ист е случајот кога користиме Google Maps.

Сите податоци кои ќе се соберат со употреба на овие колачиња ќе ги складира и управува Sandoz или една од нејзините подружници во земјите во кои Sandoz работи.

Политиката за приватност на податоци содржи подетални информации, како и начинот на кој може да контактирате со Sandoz.

Како се контролираат колачињата

Доколку не сакате да добивате колачиња, вие можете да го приспособите вашиот пребарувач така што ќе добивате известување кога колачињата ќе бидат испратени, или можете сите испратени колачиња да ги одбивате. Исто така можете да ги избришете колачињата кои веќе ви биле испратени.

Доколку сакате да ги ограничите или блокирате колачињата кои се поставени на вашиот уред, тоа можете да го направите преку поставувањата во вашиот пребарувач; функцијата Помош во вашиот пребарувач ќе ви помогне тоа да го направите. Алтернативно, можете да ја посетите страницата www.aboutcookies.org, која содржи сеопфатни информации за начинот на кој тоа може да го направите на голем број десктоп пребарувачи.